Во рамките на имплементацијата на Законот за високото образование и процесот на остварување на интегративните функции на Универзитетот, во изминатиот и во претстојниот период се организираат низа работни средби со единиците и придружните членки на Универзитетот посветени на унапредувањето на наставно-образовната дејност.
Посебно внимание се посветува на усогласувањето на високообразовната дејност со Законот за високото образование и Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во изминатиов период во Ректоратот на Универзитетот се одржаа работни состаноци со претставници одговорни за вториот и третиот циклус студии на единиците на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Овие работни средби се одржаа со цел за:
- утврдување заеднички начела за усогласување на вториот циклус студии со законската регулатива, начинот на организирање на студиите, креирањето на студиските програми, звањата (дипломите) кои се стекнуваат на магистерските, специјалистичките и студиите на регулираните професии;
- договорање за начинот на организирање на третиот циклус студии и креирањето на студиските програми, како и за дефинирање на идните активности на Универзитетот во насока на воведување трет циклус студии.
На иницијатива на Универзитетот, во рамките на Проектот за модернизација на образованието што Министерството за образование и наука го реализира со финансиска поддршка на Светската банка, на 31 март 2009 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одржаа две работилници.
Двете работилници беа посветени токму на двете актуелни теми во овој миг - на заедничките студии како можност за интензивна меѓународна соработка и активно вклучување во европскиот високообразовен простор и на третиот циклус, докторски студии, кои како вистински студии треба да заживеат на универзитетите во Република Македонија, напуштајќи го досегашниот начин за стекнување докторат на науки.
За успешно следење и реализација на поставените задачи и цели, одделни презентации, белешки, заклучоци и други материјали ќе бидат достапни на интернет-страницата на Универзитетот, во соодветните области на дејствување. Работилница за заеднички студии:
Работилница за третиот циклус студии:
Работна средба во врска со вториот циклус студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, 23.4.2009 година
Работна средба во врска со третиот циклус студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, , 22.4.2009 година
Презентација за втор циклус студии
Презентација за трет циклус студии
Конкурс 2009/2010
|