 |
| ИНФОРМАЦИИ ЗА СЕМИНАРИСТИТЕ |
Локација на Конгресниот центар на УКиМ - Охрид
43-тиот Meѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура ќе се одржи од 28 јуни до 13 јули 2010 година во Охрид во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје - (поранешно Универзитетско одморалиште). Конгресниот центар се наоѓа во с. Коњско на 7 км од центарот на Охрид по патот кон Св. Наум.
Од Охрид до Конгресниот центар можете да се стигне со автобус или со такси. На секои 15 до 20 минути има автобуси од Градската автобуска станица во Охрид кон с. Коњско. Може да се користат автобусите кои одат кон: Св. Наум, Пештани и Елшани. Треба да се слезе на станицата кај хотелот Метропол. Конгресниот центар е веднаш помеѓу станицата и езерото. При превоз со такси одредиштето е - Конгресен центар на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид. Цената на превозот е околу 150 ден. (околу 3 евра).
Доколку попатна станица е Скопје постојат неколку можни начини на превоз. Градската автобуска станица и железничката станица во Скопје се наоѓаат на исто место. До Охрид можете да стигнете со aвтобус. Патувањето трае околу 3 часа и 30 мин. За подетални информации на автобуските линии информации може да се најдата на веб страницата на автобуската станица http://www.sas.com.mk. Такси компаниите исто така возат до Охрид. Цената на превозот со нив е околу 3700 ден. (околу 70 евра) и трае околу 2:30 мин. Доколку се патува со автомобил, Охрид се наоѓа на 170 km од Скопје. Детален опис како да се стигне до Охрид има на следниов линк
http://www.viamichelin.com
Ако во Скопје се пристигне со авион од Скопскиот аеродром може да се користи такси до Охрид или до Скопје. Веб страницата на Скопскиот аеродром е: http://www.airports.com.mk. Цената на такси услугата од Скопскиот аеродром до Скопје (автобуска станица) е околу 800 ден (13 евра).
|
|
|
|