Процедура за поддршка

Процедура за добивање на писмо за поддршка (Letter of Endorsement) за конкурирање на проекти од странски институции и влади 

За координација на активностите, особено за оние проекти кои се однесуваат на ниво на целиот Универзитет (обезбедување квалитет, менаџмент, ЕКТС, евалуација и др.), а во врска со Болоњските реформски принципи кои подразбираат имплементација на ниво на целиот Универзитет, со цел за издавање на писма за поддршка (Letter of Endorsement) како услов за конкурирање на меѓународни проекти (TEMPUS, FP7, UNESCO, DAAD, NATO, CEI и др.), потребно е да се достави следново:
 
Интегрален текст на проектот кој ќе ги содржи:
        -  целите
        -  очекуваните резултати и придобивките на Универзитетот како целина
        -  временска рамка на реализација
        -  буџет по сите основи на финансирање
        -  административна поддршка
        -  начин на имплементирање на проектот
 
Согласност за учество во проектот од страна на:
        -  европските партнери
        -  регионалните партнери
        -  партнерите во земјата
 
Согласност за учество и имплементација на резултатите од проектот од страна на инволвираните учесници:
        -  декан, директор, наставно-научен совет
        -  информации за носителот - координаторот на проектот
        -  администрирање на проектот заедно со број на инволвирани лица на проектот со предвиден буџет
        -  одлука од ННС.
 
Проектот се доставува преку Деканатот на факултетот со името на контакт-лицето за имплементациjа на проектот.
 
Бараните информации да се достават најмалку две недели пред рокот за конкурирање.