 |
Издавачката дејност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се остварува преку годишни и долгорочни издавачки планови и опфаќа издавање на учебници, монографии, студии, списанија, годишници, зборници и друга прирачна литература. За реализација на издавачкиот план се грижи Комисијата за издавачка дејност.
Универзитетот издава Билтен, Универзитетски весник, Универзитетски гласник, а подготвува и објавува преглед на студиските програми.
Семинарот за македонски јазик, литература и култура ги издава: зборникот на предавањата одржани за време на траењето на летната школa, зборникот на научната конференција, курсевите за изучување на македонскиот јазик - почетен курс, среден курс и напреден курс; издава разговорници: македонско-полски, македонско-романски, македонско-унгарски, македонско-англиски, и други изданија.
|
|
|
|