 |
Универзитетскиот сенат, на седницата одржана на 18 јуни 2009 г., донесе Одлука за избор на нов студентски правобранител на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Никола Главинче, студент на правните студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“, ќе ја извршува оваа функција во наредниот двегодишен период.
На Универзитетот е формиран студентски правобранител заради заштита на правата на студентите. Студентскиот правобранител ги штити законските права на студентите и правата утврдени со актите на Универзитетот и на единиците, кога им се повредени од органите на Универзитетот и органите на единиците, како и од лицата вклучени во наставно-образовниот процес и од други лица.
Студентскиот правобранител, најмалку еднаш во годината, поднесува извештај за својата работа до Ректорската управа и до Универзитетскиот сенат.
|
|
|
|