Странски државјани



Странските државјани, заинтересирани за студирање на високообразовните установи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), се запишуваат според условите утврдени во Конкурсот за запишување нови студенти што УКИМ го објавува секоја година, при што се води сметка и за преземените обврски на Универзитетот, согласно со меѓудржавните договори за научно-техничка соработка и за меѓууниверзитетската соработка.

Странските државјани се запишуваат на факултетите на УКИМ без полагање на приемен испит, освен на следниве факултети: Архитектонскиот факултет, Факултетот за физичка култура, Факултетот за драмски уметности, Факултетот за музичка уметност и Факултетот за ликовни уметности.

Запишувањето на странските студенти се врши во Ректоратот на УКИМ.

Официјален јазик на кој се изведува наставата на студиските програми на УКИМ е македонскиот јазик. На студиите по албански јазик и литература и на студиите по турски јазик и литература на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, како и студиските програми за наставници во паралелки на албански јазик и за наставници во паралелки на турски јазик за одделенска настава и воспитувачи во групи на албански јазик и воспитувачи во групи на турски јазик за предучилишна настава на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“, наставно-образовниот процес се изведува на албански и на турски јазик.

Исто така, во одредени студиски програми содржани се предмети за кои наставно-образовниот процес се изведува на англиски јазик или на друг странски јазик.

Како дополнување на одредени студиски програми од вториот циклус студии кои се изведуваат на англиски јазик, во тек е развивањето на додипломски студии на некој од светските јазици (на пр. на англиски јазик) на УКИМ. Истовремено, на УКИМ постојат неколку заеднички меѓународни студиски програми во рамките на соработката со универзитети во странство.

Школарината за странските државјани во учебната 2010/11 година изнесува:

     •   на факултетите од медицинските науки, техничко-технолошките, природно-математичките и биотехничките науки, на Факултетот за драмски уметности, Факултетот за ликовни уметности, како и на Факултетот за физичка култура - 1.500 евра
     •   на Факултетот за музичка уметност 650 евра
     •   на другите факултети - 1.250 евра за еден семестар, доколку поинаку не е регулирано со договор за меѓууниверзитетска соработка.

Студентите-странски државјани сами ги покриваат трошоците за сместување.

Потребни документи за пријавување:

     •   пријава за запишување;
     •   нострификација на дипломата за завршено средно образование – се врши во Министерството за образование и наука, информации на тел. 00389 2 3 222 038;
     •   оригинална диплома за завршено средно образование;
     •   превод на изводот од матичната книга на родените, заверен кај нотар во РМ;
     •   фотокопија од важечка патна исправа – пасош.

Потребни документи за запишување:

     •   индекс, студентска легитимација и пријавни листови;
     •   три фотографии: 2- (3,5х4,5) и 1 - (2х3)38;
     •   потврда за уплатена школарина за првиот семестар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на жиро-сметката 100 0000000630 95, депонент: НБРМ, со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18 , приходна шифра 723012, програма 41;
     •   потврда за завршена настава по  македонски јазик  - ја организира  Меѓународниот семинар по македонски јазик, литература и култура, во зградата на Ректоратот на Универзитетот од 1 до 15 септември 2010 година);
     •   уверение  за  здравствената  состојба (го издава Здравствената станица на Универзитетот, сместена во Студентскиот дом “Кузман Јосифовски – Питу”).

   
Рокови  за  пријавување, проверка на знаења и умеења и  запишување

прв рок

втор рок

трет рок

Пријавување на кандидатите

17 и 18.8.2010       
2 и 3.9.2010          
16.9.2010
Објавување резултати од  успехот      
од средното образование

23.8.2010

6.9.2010

17.9.2010

Објавување решение за прием на
кандидатите

26.8.2010

13.9.2010

20.9.2010

Запишување на кандидатите  30 и 31.8.201014 и 15.9.201021.9.2010




          Контакт: Весна Марковска
          e-mail: V.Markovska@ukim.edu.mk
          тел. (+389 2) 3293-207
          фах. (+389 2) 3293-202

          Адреса: Универзитет „Св. Кирил и Методиј”
          бул. Крсте Мисирков б.б.
          1000 Скопје