 |
| МИСИЈА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ |
Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”
Мисијата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” е тој да биде:
● автономен, научен, високообразовен универзитет, кој обезбедува наставна, научна и апликативна дејност во техничките, природно-математичките, биотехничките, уметничките, медицинските и општествените науки; ● универзитет посветен на негувањето и на интернационалната афирмација на традиционалните обележја и вредности на македонскиот народ (македонскиот јазик, историјата, литературата и културата) и, истовремено, на негувањето на културните вредности на другите етнички заедници во РМ; ● универзитет отворен за сите студенти врз основа на еднаквост и резултати, без разлика на нивното идеолошко, политичко, етничко, културно и социјално потекло; ● универзитет кој ја усогласува својата академска понуда со потребите на своето социјално опкружување и е во постојан динамичен однос со него; ● универзитет кој креира стимулативна околина за своите вработени, овозможувајќи им развој на нивните способности, со цел за исполнување на неговата мисија; ● универзитет кој развива доживотно и континуирано образование; ● универзитет определен за постигнување на европските норми и стандарди во сите области на своето дејствување.
|
|
|
|