 |
| НАСТАВА |
Наставно-образовниот процес на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје е постојано во фокусот на унапредување на високообразовната дејност и реализација на стратегиските цели водени од принципите на Болоњската декларација. Наставните методи се осовременети со поттикнување на интерактивност во наставата и активно учење, при што студентот е централно поставен во образовниот процес. Согласно со неговите интереси, студентот има можности да избира активности и форми преку кои ќе освојува нови знаења и ќе ги афирмира своите потенцијални вредности. Наставата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одвива во три циклуси: додипломски, постдипломски и докторски студии. Универзитетот постојано ги редизајнира и ги осовременува постојните и создава нови атрактивни студиски програми. Така, во моментов, на Универзитетот постојат над 500 студиски програми во сите наставно-научни подрачја – природно-математичко, биотехничко, техничко-технолошко, медицинско, општествено-хуманистичко и уметничко подрачје.
|
|
|
|