Научна конференција
Во рамките на Меѓународниот семинар, секоја година се организира Научна конференција, на којашто странските и македонските македонисти, слависти и балканисти ги соопштуваат своите истражувања од областа на јазикот и литературата. Оваа година, темите на XXXVII научна конференција се:
• лингвистичката секција:
1. Македонскиот јазик во споредба со другите јазици
- Формална и функционална класификација на неменливите зборови во македонскиот јазик во споредба со другите јазици
2. Истражувањата за македонскиот јазик надвор од границите на Република Македонија
- Статусот и корпусот на македонскиот јазик во соседните држави и во регионот
• литературната секција: Македонската литература во балкански, европски и светски контекст со три поттеми:
1. Книжевниот подвиг на Григор Прличев
2. Книжевноисториското дело на Ѓорѓи Абаџиев 3. Книжевниот планетариум на Славко Јаневски
Научната конференција ќе се одржува на 5 и 6 јули 2010 година.
ИЗДАНИЈА:
Програми Зборници
2004 2004-лингвистичка 2004-литературна 2005 2005-лингвистичка 2005-литературна 2006 2006-лингвистичка 2006-литературна 2007 2007-лингвистичка 2007-литературна 2008 2008-лингвистичка 2008-литературна
|