Проректори

П Р О Р Е К Т О Р И 

Универзитетот има четири проректори за наставa, наука, меѓународна соработка и финансии, инвестиции и развој. Правата, должностите и одговорностите на проректорите се утврдени со Статутот на Универзитетот.


ПРОРЕКТОР ЗА НАСТАВА 

Проф. д-р Елена Думова-Јованоска


Проф. д-р Елена Думова-Јованоска, проректор за настава

(E.Dumova-Jovanoska@ukim.edu.mk)


Досегашни функвии:

● продекан за настава и наука на Градежниот факултет во два мандатни периода
● член на Наставната комисија на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”
● регионален координатор на Меѓународниот центар за докторски студии од областа на инженерството - СЕЕФОРМ
● соработник на Агенцијата за евалуација на високото образование на Република Македонија (2003-2004)
● член на работната група за промоција на Болоњскиот процес (2004-2005)
● одговорен уредник на Зборник на научни трудови на Градежниот факултет
● претседател на Извршниот одбор на Фондацијата за стипендирање студенти по градежништво и геодезија
● генерален секретар на Друштвото за механика на Македонија

Издавачка дејност:

● објавени повеќе од 80 научни и стручни трудови во земјата и странство, учество на конгреси и симпозиуми
● автор на еден учебник, еден практикум, авторизирани предавања за пет предмети на додипломски студии и еден предмет на постдипломски студии
● учесник во единаесет научноистражувачки и образовни проекти, од кои шест меѓународни. Раководител на еден домашен научноистражувачки проект и на еден меѓународен образовен.

Научна област:

● градежно конструкторство, теорија на конструкции, асеизмичко проектирање, повредливост, ѕидани конструкции


ПРОРЕКТОР ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА 

Проф. д-р Моме Спасовски


Проф. д-р Моме Спасовски, проректор за меѓународна соработка
(M.Spasovski@ukim.edu.mk)


Досегашни функции:

    ● продекан за меѓународна соработка на Медицинскиот Факултет
    ● шеф на Катедрата за Социјана медицина при Медицинскиот Факултет
    ● претседател на Здружението за Социјана медицина при Македонско лекарско друштво
    ● национален соработник на Светската здравствена организација
    ● соработник на ЦДЦ Атланта-УСА

Издавачка дејност:

    ● објавени повеќе од 90 трудови во земјата и во странство, учество на Конгреси,  Симпозиуми и работилници
    ● ко-автор на Толковник и учебно помагало
    ● автор на поглавја во две книги
    ● учесник во три научно- истражувачки проекти
    ● раководител на еден меѓународен проект

Научна област:

    ● превентивна медицина, социјана медицина и јавно здравство


ПРОРЕКТОР ЗА ФИНАНАСИИ, ИНВЕСТИЦИИ И РАЗВОЈ 

Проф. д-р Пеце Недановски


Проф. д-р Пеце Недановски, проректор за финансии, инвестиции и развој
(P.Nedanovski@ukim.edu.mk)


Досегашни функции:
● Продекан за настава на Економски факултет, Скопје, (2005-2008),
● Член на Советот за финансирање на високото образование на РМ, (2008- ),
● Претседател на Сојуз на економисти на Македонија (2005- ),
● Заменик-член на Бордот на гувернери на Association of South Eastern Europe Economic Universities - ASECU, Грција (2007- )
● Член на Надзорен одбор на УНИ Банка А.Д., Скопје, (јануари 2008- ),
● Член на Борд на директори на бизнис-инкубатор Youth Entrepreneurship Service - YES, Скопје (ноември 2008- ),
● Член на Советот на Министерот за животна средина (1999-2001),
● Член на Управен комитет за подготовка на Стратегија за намалување на сиромаштијата во Р. Македонија, Министерство за финансии (2001-2002).

Издавачка дејност:
● Објавени преку 60 научни и стручни трудови и статии, во домашни и меѓународни списанија и публикации,
● Ко-автор на еден учебник и автор на 3 студии,
● Учество на околу 70-на домашни и меѓународни научни советувања, конференции и семинари,
● Учествува како истражувач или раководител во 40-на домашни и меѓународни проекти.

Научна област:
● Применета економија (трансформација на економските системи, економска политика), применета микроекономија (проблем на загадување на животната средина, економија на здравствена заштита), регионален развој, невработеност, проблем на сиромаштијата.


ПРОРЕКТОР ЗА НАУКА 

Проф. д-р Коле Василевски


Проф. д-р Коле Василевски, проректор за наука
(K.Vasilevski@ukim.edu.mk)


Досегашни функции:

    ● продекан на Шумарскиот факултет во Скопје
    ● декан на Шумарскиот факултет во Скопје

Издавачка дејност:
    ● објавени повеќе од 50 трудови во земјата и во странство, учество на конгреси,  симпозиуми
    ● автор на еден учебник и учебно помагало
    ● учесник во апликативни активности од областа на шумарството
    ● учесник во десет научно - истражувачки проекти, од кои еден меѓународен
    ● раководител на два научно - истражувачки проектa   

Научна област:

    ● Шумарство- педологија, мелиорации, исхрана на растенијата