Универзитетски весник

Универзитетски весник 

Насловна страна на првиот број на Универзитетски весник

Во аналите на шестдеценискиот историски развој на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, поточно пред 33 години, во јануари 1976 година Универзитетот го издаде првиот број на Универзитетски весник. Првото универзитетско гласило под наслов „Зошто излегуваме?“ го претстави тогашниот ректор на Универзитетот, акад. Димитар Митрев.

Првиот број на Универзитетски весник излезе во годината во која Универзитетот одбележуваше 30-годишно високо образование во Македонија и 27-годишна успешна работа на Универзитетот.

Денес, во годината кога Универзитетот ја одбележува 60-годишнината од своето постоење, се издава јубилејниот 100. број на Универзитетскиот весник, со што се потврдува првичната идеја и долгогодишната актуелна улога на ова издание.

Одбележувајќи го 100. број, слободно може да се каже дека Универзитетски весник претставува дневник на остварувањето на мисијата на Универзитетот и продолжување на замислата на тогашниот ректор Димитар Митрев: „...со ова гласило да се пополни празнината за информации од дејноста на високошколските установи“.

Излегувањето на овој стоти број истовремено нека биде поттик во денешниов миг од развојот на Универзитетот и неговата современа улога на интегриран европски универзитет, да продолжи традиционалната историска димензија на Универзитетски весник како актуелно информативно гласило на универзитетската средина.

На оваа страна може да се преземат електронските верзии на последните броеви на Универзитетскиот весник.

Електронска архива на Универзитетски весник