ЕРАЗМУС програма за мобилност

ЕРАЗМУС програма за мобилност 


УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ

објавува

КОНКУРС
 ВО РАМКИТЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА МОБИЛНОСТ „ЕРАЗМУС”


за академската 2010/2011 година

Во рамките на програмата „Еразмус”, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување финансиски средства на студенти, како и наставен кадар за реализирање на студиски престој на високообразовна институција во Европа. Целта на престојот во високообразовните институции за студентите е студиски престој, а за наставниот кадар е одржување настава или стручно усовршување.

На конкурсот можат да се пријават студенти со македонско државјанство кои во моментот на реализирање на мобилноста се запишани најмалку на втора година студии.

Мобилноста може да се реализира на високообразовните институции во државите-членки на Европската Унија: Австрија, Белгија, Бугарија, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Латвија, Летонија, Луксембург, Малта, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска и Велика Британија.

Времетраење на мобилноста за студенти: еден или два семестри
Времетраење на мобилноста на наставниот кадар: 1 недела (минимум пет работни денови)

 Потребни документи за мобилност на студенти:
  • формулар за пријавување (Student Application Form);
  • Договор за студирање (Learning Agreement) во кој се утврдува програмата за студирање која треба да се следи, одобрено од страна на студентот, матичната институција/Еразмус координаторот и институцијата во странство;
  • Уверение за положени испити (преведено на англиски јазик);
  • Уверение за познавање на јазикот на кој се изведува наставата на ЕУ универзитетот.

Потребни документи за мобилност на наставен кадар:
  • пополнет формулар за пријавување (Staff Application Form);
  • наставна програма/ работен план;
  • потврда од факултетот за статус на вработен во рамки на институцијата.

Висината на стипендијата за студентите изнесува 310 ЕУР месечно. Патните трошоци и здравственото осигурување го покриваат лично кандидатите.

Селекцијата на кандидатите ја прави факултетот, согласно критериумите (во прилог). Апликациите на предлог-кандидатите за размена треба да се достават до Одделението за меѓународна соработка најдоцна до  20 февруари 2010. Студентите лично ги поднесуваат документите за Еразмус мобилноста до Еразмус координаторот на факултетот каде што студираат.

ДОКУМЕНТИ:

1 Еразмус код на Универзитетот
2 Модел на Еразмус договор
3 Learning Agreement
4 Student Application Form
5 CV - модел
6 Список на Еразмус билатерални договори
7 Staff Application Form
8 Staff mobility - teaching assignment
9 Staff training
10 Staff Grant Agreement
11 Еразмус координатори по факултети
12 Информација за Еразмус - студенти
13 Информација за Еразмус - наставен кадар